Официјално: Премиер-лигата продолжува на 20 јуни

Натпреварувањето во англиската Премиер-лига ќе продолжи на 20 јуни, беше договорено на денешниот состанок на клубовите. Само еден ден откако беше дадено зелено светло за тренинзи со полна пареа, за тренерите да можат да почнат со работа со целата екипа (претходно се работеше во мали групи), премиерлигашите го договорија и терминот што британската јавност со нетрпение го очекуваше.

Средината на јуни и претходно беше посочена како најдобра варијанта за продолжение на сезоната, а ситуацијата не се промени ниту откако мал дел од тестовите за Ковид-19 се покажаа позитивни. Иако постоеше најава дека тие позитивни тестови можат дополнително да го одложат продолжението на сезоната, клубовите сепак продолжија според утврдениот протокол, правејќи уште еден чекор напред.

Натпреварите од Премиер-лигата се стопирани уште од почетокот на март. Ливерпул речиси сигурно ќе биде нов шампион на елитното англиско фудбалско друштво со оглед на предноста од 25 бода што избраниците на Јирген Клоп ја имаат во однос на второпласираниот Манчестер Сити.

Се вчитува...