Сегашниот тренер на Манчестер Јунајтед, по завршувањето на сезоната ќе го презеде селекторското место на Австрија. 63-годишниот стручњак ќе почне да ја води селекцијата на крајот на мај, а неговото деби ќе го има во Лигата на Нации.
Манчестер Јунајтед ја потврди веста дека сегашниот нивен тренер на крајот од мај ќе оди во Австрија, а тимот од идната сезона ќе го води Ерик Тен Хаг.
Рангник потпиша двегодишен договор со Австрија, со можност да биде продолжен на уште две доколку селекцијата обезбеди пласман на ЕП 2024 година во Германија. Тој ќе го замени Франко Фода кој си поднесе оставка после неуспехот и поразот во баражот за Мундијалот во Катар.
Освен Рангник, кандидат за селекторското место беше и Нико Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА