Официјално: Раниери се врати во Премиер-лигата, Италијанецот потпиша двегодишен договор со Вотфорд

Култниот италијански тренер Клаудио Раниери, кој ги освои срцата на фудбалските навивачи ширум светот кога во 2016 година го одведе Лестер до сензационалната шампионска титула, се враќа во Премиерлигата.

69-годишниот стратег ја презема клупата на Вотфорд, потврди Фабрицио Романо на Твитер. Раниери потпиша договор на две години откако одби неколку понуди од Италија.

На клупата доаѓа на местото на Чиско Муњоз кој на истата позиција беше помалку од 10 месеци. Вотфорд во моментов е 15-ти на табелата во Премиер лигата со седум бода од седум кола.

Откако во 2017 година доби отказ во Лестер, Раниери ги водеше Нант, Фулам, Рома и Сампдорија.

 

 

 

Се вчитува...