Официјално: Рик Карсдорп потпиша за Рома

Рома го официјализираше траснферот на десниот бек Рик Карсдорп од Феенорд, за сума од 14 милиони евра, плус 5 милиони евра во бонуси. Холаѓанецот стави потпис на петгодишен договор со „волчицата“.

„Доаѓањето во Рома е голем чекор напред во мојата кариера. Пристигнав тука со голема желба за осовјување трофеи, се надевам дека ќе ги исполнам сите мои соништа тука. Рома ќе ми овозможи голем напредок во мојата игра“, изјави Карсдорп во неговото прво интервју за клубот.

Бекот изминатава сезона одигра 42 натпревари во сите конкуренции за холандскиот првак, постигна еден гол, но асистираше при седум погодоци за неговиот тим. За репрезентацијата на Холандија дебитираше во октомври 2016 година, во пријателските средби против Белорусија и Франција.

„Иако се уште е млад, Карсдорп поседува огромно искуство, и пред се’ голем талент“, истакна спортскиот директор, Мончи.

Трансферот на 22-годишниот фудбалер беше иницијатива на новиот тренер Еузебио Ди Франческо, потенцирајќи го како негова прва желба.

Се вчитува...