Официјално: Саинц е наследникот на Фетел во Ферари

На челниците на Ферари не им требаше многу време за да го официјализираат името на наследникот на Себастијан Фетел – Шпанецот Карлос Саинц од 2021 година ќе стане дел од престижниот италијански Ф-1 тим како партнер на Чарлс Леклер. По самиот прекин на преговорите со Фетел беше обелоденето дека Саинц е изборот на Ферари за негов наследник, а разговорите беа финиширани експресно, па откако Мекларен најде негова замена за наредната сезона (во Рикиардо од Рено) денеска Ферари го официјализираше повеќегодишниот договор со Саинц.

„Полнуваме нов циклус со стара желба – да се вратиме на врвот на Формула 1. Тоа ќе биде долго патување, сигурно нема да биде без проблеми, особено ако се земат во предвид новите финансиски и регулаторни ситуации. Сепак, веруваме дека со Саинц и Леклер, најмладиот возачки тандем во последните 50 години од нашата историја, ја имаме најдобрата можна комбинација за исполнување на зацртаните цели“, изјави директорот на Ф-1 тимот на Ферари, Матиа Биното.

Остануваат дилемите каде Себастијан Фетел ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Ферари, а се погласни се шпекулациите дека тој би можел да се пресели во таборот на Мерцедес.

Се вчитува...