Официјално: Саутгејт го продолжи договорот со Англија до 2024 година

Герет Саутгејт ќе ја води репрезентацијата на Англија до декември 2024 година, откако Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека потпишала нов договор со 51-годишниот стручњак. Саутгејт го предводеше „гордиот албион“ до полуфиналето на Светското првенство, освојувајќи го третото место во Лигата на нации и финалето на Европското првенство оваа година.

Саутгејт го предводеше „гордиот албион“ до полуфиналето на Светското првенство, како и до третото место во Лигата на нации и финалето на Европското првенство оваа година. Новиот договор значи дека тој ќе биде на клупата на англиската репрезентација за време на СП 2022 година, а потоа и во квалификациите за континенталниот шампионат.

„Среќен сум што јас и мојот соработник Стив ќе останеме на нашите позиции. Голема чест е да се води овој тим. Пред нас е голема шанса, а знам дека навивачите се возбудени за тоа што овој тим би можел да постигне во иднина“, изјави Саутгејт.

За потсетување, англиските медиуми претходно пишуваа дека ФА на тренерот му понудила годишна плата од шест милиони фунти, што е двојно повеќе од онаа што ја добивал досега. Саутгејт ја презеде репрезентацијата пред пет години.

Се вчитува...