Официјално: Се поголем бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Реал Мадрид

Бројот на позитивни случаи на коронавирус во Реал Мадрид се зголеми на седум откако клубот потврди дека Марко Асенсио, Герет Бејл, Андриј Лунин, Родриго и помошниот тренер Давиде Анчелоти по тестовите се позитивни на Ковид-19. Како потсетување, претходно клубот потврди дека надвор до крајот на годината се и Лука Модриќ и Марсело.

Засега останува неизвесно дали престојниот натпревар во кој „кралевите“ треба да го пречекаат Кадиз в недела ќе биде одложен, но се наговестува на истото.

Се вчитува...