ОФИЦИЈАЛНО: Шпетим Дуро нов тренер на Струга ТЛ

Поранешниот предводник на Шкендија Шпетим Дуро и официјално е назначен за нов тренер на лидерот на табелата во ПМФЛ Струга Трим Лум.

Дуро доаѓа на местото на Срѓан Захариевски, кој во понеделникот се раздели со екипата, после двете „ремија“ со Тиквеш и со Македонија ЃП на стартот од пролетниот дел од сезоната.

Договорот е до крајот на сезоната 23/24, соопштија од Струга ТЛ.

„Ја имаме честа да му посакаме добредојде на професорот Шпетим Дуро, на неговата нова функција шеф на стручен штаб на екипата на ФК Струга Трим Лум. Го запознавме со капацитетите, инфраструктурата, играчите, техничкиот штаб и раководството на клубот, обидувајќи се да му олесниме да започне со својата нова мисија. Дуро го изрази своето задоволство од човечкиот и спортскиот потенцијал на клубот. Дуро има долга кариера со клубови каде раководеше со КФ Партизани, Влазниа, Скендербеу, Шкендија и др. Нашата соработка со него е договорена до крајот на сезоната 2023-2024.“, стои во соопштението на Струга ТЛ.

Се вчитува...