Рубен Дијаз од вечерва е нов член на Манчестер Сити откако „граѓаните“ го официјализираа неговиот ангажман од редовите на Бенфика. Диаз доаѓа како големо засилување за одбраната, за неговите услуги се платени 70 милиони евра и нема сомнеж дека експресно ќе биде „фрлен во оган“ по очајното издание на Сити и петте примени гола на последниот премиерлигашки дуел со Лестер.
„Кога ќе ти се укаже шанса да заиграш за клуб како Манчестер Сити, нормално дека не сакаш да ја пропуштиш. Нивните успеси говорат доволно, станува збор за најдоминантниот тим во Англија во последните години, екипа што инсистира на офанзивен фудбал, нешто што многу ми се допаѓа“, изјави Дијаз.
Истовреено, Бенфика како дел од овие преговори за 15 милиони евра го откупи договорот на Николас Отаменди. Аргентинецот потпиша договор на три сезони, а во првите две години Манчестер Сити ќе покрива половина од неговата плата, услов на кој Португалците инсистираа во преговорите, па „граѓаните“ на крајот беа принудени да попуштат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА