Официјално: Стадионот во Неапол ќе го носи името „Диего Армандо Марадона“

Името на стадионот во Неапол, кој досега го носеше името „Сан Паоло“ од денеска официјално ќе се вика „Диего Армандо Марадона“. Аргентинецот кој минатата недела прерано го напушти овој свет остави голема трага во тимот на Наполи со кој освои две титули во Серија А.

„Можам да потврдам дека предлогот е прифатен стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во „Диего Армандо Марадона““, изјави градоначалникот на Неапол, Луиџи де Маџистрис. 

Марадона дел од наполи беше седум години, а покрај големата слава која што ја достигна во клубот, тука почнаа и неговите први проблеми во кариерата.

Се вчитува...