Светислав Пешиќ е нов селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, потврдија од Кошаркарскиот сојуз на нашиот северен сосед. Тој ќе ја предводи Србија во ноемврискиот квалификациски прозорец за пласман на Светското првенство 2023 година, а противници на Србите ќе бидат Летонија и Белгија.
Пешиќ како селектор на тогашна СР Југославија во 2001 година го освои Европското првенство во Турција, а година подоцна ја искачи репрезентацијата и на светскиот трон откако го освои Мундобаскетот во САД.
Пешиќ на местото селектор го замени Игор Кокошков кој по неуспехот во квалификациите за ЛОИ во Токио се врати во НБА како помошен тренер во Далас Маверикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА