Официјално: Тимо Вернер од јули во Челси!

Тимо Вернер и официјално е нов фудбалер на Челси, потврди лондонскиот премиерлигаш на својата официјална интернет страница.

24-годишниот напаѓач ќе остане во Лајпциг до крајот на актуелната сезона во Бундеслигата, а на новите соиграчи ќе им се приклучи од следниот месец. Тоа значи дека нема да настапи за Лајпциг во завршницата од Лигата на шампионите во август.

„Многу сум среќен што потпишав за Челси. Ова е многу важен и убав момент за мене. Сакам да се заблагодарам и на Лајпциг и на навивачите за прекрасните четири години. Засекогаш ќе бидат во моето срце. Се радувам на новата сезона со новите соиграчи, тренерот и навивачи. Заедно можеме до големи нешта за нова историја на Челси“ – порача Вернер преку официјалната интернет страница на Челси.

Се вчитува...