Тимур Дибиров по девет години поминати во македонскиот шампион Вардар ќе ја промени средината и во иднина ќе настапува за Загреб откако денеска и официјално беше претставен од страна на хрватскиот тим. Рускиот интернационалец кој беше пред заминување од Скопје и во пресрет на летото сепак се одлучи да остане, но откако Вардар отпадна од Лигата на Шампионите дојде до промена на плановите.
Русинот на промоцијата изјави дека е среќен што продолжува во клуб со богата историја и едвај чека да се докаже во елитните натпреварувања.
„Среќен сум што доаѓам во Загреб, клуб со богата историја и клуб од чии редови произлегоа многу големи имиња на хрватскиот и европскиот ракомет. Очекувам големи работи во Загреб, знам дека ќе го дадам максимумот на секој тренинг и натпревар и мислам дека заедно можеме да постигнеме добри резултати. Сум играл со некои играчи претходно, како Борозан и Чупиќ, исто така сум се натпреварувал со некои, а со некои допрва ќе се сретнам. Верувам дека ростерот на Загреб е добро уреден и дека е идеална комбинација на младост и искуство. Мислам дека нашиот тим има што да докаже и дека оваа сезона пријатно ќе изненадиме многумина“, изјави Дибиров.
Тибиров со Вардар освои две европски шампионски титули во 2017 и 2019, четири титули во СЕХА лигата, како и седум титули во Суперлигата и седум во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА