Официјално: Торонто потпиша со Лоренцо Инсиње

Лоренцо Инсиње и дефинитивно ќе си замине од Наполи на крајот на сезоната, откако италијанскиот репрезентативец се реши за авантура на другата страна од Атлантикот, потпишувајќи договор со тимот на Торонто. Одличниот напаѓач има уште шест месеци од договорот со Наполи и ќе остане соиграч на Елиф Елмас до истекот на овој период, по што на 1 јули и официјално ќе се пресели во Канада.

Инсиње со години наназад е меѓу лидерите на Наполи, но претседателот Де Лаурентис одби да ги задоволи неговите барања во преговорите за продолжување на соработката. „Наполитанците“ му нудеа на својот капитен помала плата од онаа што ја заработува во моментов (шест милиони евра по сезона), поради што Инсиње реши да го напушти клубот.

Во игра беа и Интер и Тотенхем, но понудата од МЛС-лигата беше супериорна. Инсиње ќе има плата од девет милиони евра по сезона, а згора на тоа договорот се однесува за следните пет и пол сезони, што овозможува Италијанецот да заработи вистинско богатство пред да ја заврши својата кариера.

Се вчитува...