ОФИЦИЈАЛНО: Вардар Форино во понизок ранг, ВМФЛ Запад со девет клуба

Вардар Форино и официјално се сели во понизок ранг, откако викендов не го одигра натпреварот против Гостивар, што му беше втор неодигран сезонава. Поради преселбата на Вардар Форино во понизок ранг третиот круг од Втората лига Запад ќе брои девет клуба, што значи дека во секоја од последните девет рунди ќе има по еден тим кој ќе биде слободен.

Врвот во ВМФЛ Запад го држи Скопје со 40 бода, односно дури седум повеќе од второпласираниот Гостивар. Поради елиминацијата на Вардар Форино, од ова друштво во понизок ранг ќе се пресели само уште една екипа. Во моментов Дрита е на деветтото место со четири бода помалку од осмопласираниот Тетекс.

Се вчитува...