ОГРОМЕН ПРЕСВРТ на Верона – од 3-0, до 3-4 за едно полувреме (ВИДЕО)

Триумф каков што може само да се посака оствари тимот на Верона на гостувањето кај Венеција. Иако имаше негатива од три гола на полувремето, сепак, тимот на Верона со голем пресврт во вториот дел успеа да ги освои трите бода.

Чекарони во 12. минута донесе водство, за Чрнигој во 19. минута да зголеми на 2-0. Анри зголеми на 3-0, и се чинеше дека на Верона не и се пишува добро на ова гостување.

Сепак, Верона се разбуди и во 52. минута Анри со автогол донесе 1-3. Капрари од пенал намали на 2-3, и Венеција остана со играч помалку а две минути подоцна Симеоне донесе 3-3. Џовани Симеоне во 85. минута се погрижи за целосен пресврт.

Во вториот натпревар, Специја и Сасуоло одиграа 2-2.

Се вчитува...