Огромен проблем за Тотенхем – Хари Кејн ќе мора да паузира шест седмици

На Тотенхем не му тргна најдобро во 2020 година. Тимот на Жозе Мурињо загуби на гостувањето на „Сент Мери“ од Саутемптон, а остана и без капитенот Хари Кејн. Денеска пристигнаа уште лоши вести дека напаѓачот на Тотенхем ќе мора да паузира шест седмици поради сериозно истегнување на бутниот мускул.

Тотенхем ќе биде без Хари Кејн на неколку важни натпревари, против Ливерпул и против Манчестер Сити во Премиер – лигата, но и на првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Лајпциг. Добра вест за Мурињо е враќањето на Кореецот Сон кој ја издржа казната поради исклучувањето на дуелот против Челси.

 

Се вчитува...