Огромен удар за Арсенал: Најдобриот дефанзивец „во аут“ до крајот на годината

Цврстата одбрана е заштитен зак на Арсенал од стартот на сезонава, но Микел Артета се соочува со огромен проблем откако главниот дефанзивец на тимот, Габриел, заработи незгодна повреда за време на оваа репрезентативна пауза.

Бразилецот настрада за време на пријателскиот меч со Сенегал, жалејќи се на болка во мускулот поради која веднаш беше ослободен од репрезентативните обврски и се врати назад во клубот. Првичните лекарски прегледи покажаа дека проблемот не е наивен, создавајќи му главоболки на Артета.

Имено, станува збор за сериозно истегнување на мускулот поради што препорачаната пауза е најмалку еден месец, а големи се шансите Габриел да паузира се до почетокот на 2026 година.

„Топчиите“ ја имаат најдобрата одбрана во Премиер-лигата со само пет примени гола на првите 11 средби, па интересно ќе биде да се види како отсуството на клучниот играч ќе се одрази врз резултатите на лидерот во Премиер-лигата.

Се вчитува...