Амбициите за висок пласман на Тотенхем наидоа на сериозен удар откако беше обелоденето дека повредата на Џејмс Медисон е многу посериозна од првите прогнози.
„Спарси“ се надеваа дека одличниот плејмејкер ќе биде „фит“ веднаш по репрезентативната пауза, но деталните прегледи утврдија сериозен проблем со скочниот зглоб.
„Посериозно е отколку што мислевме, Медисон ќе паузира подолго време. Според она што го знам во моментов, тој ќе може да се врати по новогодишните празници“, објави тренерот Постекоглу.
Тотенхем утре му гостува на тимот на Вулверхемптон, меч за кој Постекоглу не може да смета ниту на Ван де Вен, кој исто така ќе паузира подолго време поради повреди, но и на Ромеро и Удоги кои добија црвени картони на последниот меч со Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА