Огромна чест за Хрватот: Ракитиќ стана легенда на Барселона

Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ доби голема чест откако неговото име беше запишано меѓу легендите на Барселона. Во листата која брои 108 имиња тој беше претставен заедно со Бразилецот Нејмар.

Ракитиќ настапуваше за Барселона од 2014 до 2020 година забележувајќи 333 натпревар, 40 постигнати голови и 42 асистенции. Освои 13 трофеи од кои еден во Лигата на Шампиони во 2015 година кога и беше стрелец против Јувентус и четири во шпанското првенство.

„Откако стигна во клубот во 2014 година, Ракитиќ беше редовен стартер во средината на теренот и тој е петти странец по бројот на настапи за клубот“, стои во описот на каталонскиот клуб.

Се вчитува...