Охрид ги промовираше првите три засилувања за новата сезона

За новата сезона во единствената Втора македонска фудбалска лига, екипата на Охрид официјално ги промовираше првите три засилувања.

Крилниот офанзивец, Дарко Размоски, младинскиот репрезентативец до 18 години, Хадис Таири кој игра на левата бековска позиција, како и фудбалерот од средниот ред Мирлинд Даути се новите имиња за охриѓани.

Како што информираат од клубот, продолжува соработаката со поголемиот дел досегашни играчи кој го носеа дресот на Охрид минатата сезона. Од клубот, пак, на крајот од сезоната си заминаа Игор Клечкароски, Саше Шопоски, Марко Стојчески и Ромео Кочоски.

Се вчитува...