Охрид ја заврши сезоната со убедлива победа над Тиквеш од 32-23 и осигура место во европските ракометни натпреварувања за сезоната 2025/26.
Во директната битка за четвртата позиција на табелата која носи место во ЕХФ Европскиот Куп „сино-белите“ го наметнаа своето темпо уште од самиот почеток на средбата не дозволувајќи му на противникот да се надева на триумф во „Билјанини Извори“. На полувремето резултатот гласеше убедливи 18-11 по што во вторите 30. минути охриѓани немаа проблем да ја сочуваат предноста.
Цацар со шест гола беше лидер на Охрид, а него го следеше Ојлески со пет. Со по четири голови за Тиквеш средбата ја завршија Анастасовски, Манасков и Ани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА