Охрид го совлада Е.Пелистер 2

Ракометарите на Охрид остварија победа над Еурофарм Пелистер 2 во плеј-офот во ракометната Прва лига. На крајот триумф од 26-21 (полувреме 12-10).

Отпорот на гостите го скршија на крајот од првиот дел. Мечот беше во eгал се до 8:8, а потоа мини серија од два гола, која беше задржана до крајот на првото полувреме.

Во второто полувреме Охрид брзо дојде до поголема разлика, која ја одржуваше до крајот на мечот за конечна победа. Најефикасен беше Цицаниќ со неверојатни 12 голови.

Се вчитува...