Охрид преку Волендам до втор круг во ЕХФ Купот

Ракометарите на Охрид обезбедија пласман во втората квалификациска фаза во ЕХФ Купот откако во реваншот од првото коло го победија Крас Волендам со 24-23 (13-10). За избраниците на тренерот Горан Андоновски ова е голем успех во нивната дебитантска сезона на европска сцена.

По ремито во вчерашниот прв меч, неизвесно до крај беше и на реваншот со холанскиот претставник. Победникот на овој дуел беше решен во последните секунди кога Славиша Димитријевски го постигна победничкиот гол и на Охрид му донесе пласман во следната фаза од ЕХФ Купот.

Охриѓани одиграа максимално ангажирано во текот на целиот натпревар и во поголемиот дел од мечот беа во резултатска предност. На полувремето избраниците на Андоновски имаа три гола позитива (13-10), а на стартот од вториот дел домаќините ја зголемија предноста на 16-12. Во последната четвртина од натпреварот дојде до мал пад и деконцентрација во редовите на Охрид и Волендам успеа да ја анулира негативата изедначувајќи на 20-20. Резултатот беше изендачен и во последната минута, но Блчгојче Трајковски одново беше на висина на задачата, одбрани седмерец, а во следниот напад Димитријевски беше прецизен и ја осигура победата на охриѓани погодувајчќи за 24-22. Волендам постигна гол во последниот напад, но Охрид ја имаше победата што му носи пласман продолжен престој на европска сцена

Најефикасен во составот на Охрид беше Бобан Блажевски со шест гола, а четири погодоци запиша дервиш Бирдахиќ.

Во второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од ЕХФ Купот, Охрид за противник ќе ја има екипата на Порто.

Фото: OhridNews.com

Се вчитува...