Охрид трчаТ одбројува до новиот атлетски хепенинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Jубилејното петто издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ ќе се одржи од 4 до 6 јуни, додека Планинарската трка Охрид Ултра Треил е закажана од 17 од 19 септември.

Модерни и по светски терк, направени со многу љубов и труд, а од денеска отворени за сите љубители на трчањето, атлетиката и спортот воопшто се канцелариите на охридскиот спортски бренд „Охрид трчаТ“. Канцелариите се наоѓаат на Булеварот Туристичка, во објектот од Гранит, на втор кат, наспроти Основното училиште „Григор Прличев.“

Во канцелариите преовладува спортскиот дух, збогатен со фотографии од претходните успешно одржани настани на Охрид трчаТ и Планинарска трка Охрид Ултра Треил, кои нашиот град го имаат промовирано речиси во целиот свет. Канцелариите составени се од три простории, секоја за посебна немена.

Отворањето на канцелариите е голем чекор напред кога се однесува на организациски план за Охрид трчаТ и Охрид Ултра Треил, кои од година во година растат, ги пробиваат бариерите и го доближуваат градот до светските метрополи.

Се вчитува...