„Охрид Трчат“ со рекордна бројка од 1.585 пријавени за третото свое издание

Третото издание на спортската манифестација Охрид трчаТ ќе има рекорден број на учесници. Точно 1.585 натпреварувачи се пријавени на 5 и 10 километарските трки како и тим билдинг трките во двете делници кои ќе се трчаат в недела (2. јуни).

Kомплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодари на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат в недела на 2 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.

Подигнувањето на стартните пакети за учеството на атлетската манифестација ќе биде утре (1. јуни) од 9 до 20 часот на градскиот плоштад во Охрид.

Програмата на атлетскиот викенд започнува денеска со Ноќната трка. Учеството на Ноќната трка е бесплатно, а на финишот кој е пред домот на Домот на култура Григор Прличев ќе има концерт во живо и паста забава.

Се вчитува...