Охрид Трчат утре по петти пат: Посебен времен сообраќаен режим од 7:30 до 11 часот

Викендов, на градските улици во Охрид, по јубилеен петти пат ќе се одржи Атлетската манифестација Охрид трчаТ. Од организацискиот одбор на една од најатрактивните атлетски манифестации во регионот информираат за сообраќајниот режим кој утре ќе владее на улиците во Охрид.

„Упатуваме апел до сите граѓани, жители на улиците, дистрибутери, туристичките работници, гости, такси компании, за почитување на времениот режим на сообраќај, кој на сила ќе биде в недела (6 јуни) од 7:30 до 11 часот. Охрид е Охрид трчаТ и Охрид трчаТ е Охрид, со таа визија Ве повикуваме сите заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние кои и во вакви услови одлучиле да дојдат, да трчаат и да уживаат во убавините на Охрид. Од срце им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и повикуваат за почитување на насоките на редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и сигнализацијата“ – повикуваат од Охрид ТрчаТ.

Атлетската манифестација се одржува утре претпладне, а за денеска е закажано ЕКСПО на Кејот во Охрид каде тркачите ќе ги подигнуваат стартните пакети и за самиот настан.

Се вчитува...