Охрид убедлив во „езерското дерби“ против Караорман

Фудбалерите на Охрид славеа над Караорман со 4-1 во езерското дерби. На охриѓани им беа доволни само десет минути во вториот дел комплетно да скршат отпорот на гостите.

Избраниците на Драган Бочески постигнаа три погодоци во период од 48-та до 58-та минута. Стрелци беа Шериф Реџепи, Стефан Петрушески и Александар Целески. Караорман го намали резултатот после погодокот на Димитар Далчески. Конечните 4-1 ги постави Роберт Митев.

Се вчитува...