Охриѓани донесоа нов пивот – двометраш од Србија

Охрид донесе ново засилување во своите редови откако суперлигашот денеска го официјализираше пристигнувањето на Игор Чагаљ. Станува збор за српски ракометар висок 200 сантиметри кој настапува на позицијата пивот, а покрај тоа го одликува и добра игра во одбраната.

Чагаљ доаѓа во Охрид од редовите на Металопластика, кариерата ја има почнато во Пролетер, а кратко време минал и играјќи во Словенија и во Германија.

Инаку, раководството на Охрид денеска објави и дека клубот нема да аплицира за вајлд-карта во Лигата на Европа и дека погледите во новата сезона ќе бидат насочени исклучиво на настапите на македонската ракометна сцена.

Се вчитува...