Охриѓани реагираат на судиските неправди: Судијата Михајловиќ непотребно си направи свое „шоу“

Од охридскиот прволигаш АВ Охрид со официјално соопштение се огласија околу, како што велат, судиските неправди во поразот од 92-82 по продолжение на гостувањето против Фени Индустри во Кавадарци.

Соопштението од АВ Охрид ви го пренесуваме во целост:

Најнапред сакаме да им ја честитаме победата на Фени Индустри и да ја информираме јавноста за случувањата на натпреварот. Наш официјален став е дека на мечот имаше грубо кршење на принципите на делителот на правдата судијата Владимир Михајловиќ, кој тенденциозно според наше видување судеше во корист на домашната екипа,а на штета на КК АВ Охрид. Ако се погледне добро натпреварот за кој сигурно надлежните ќе добијат ЦД од натпреварот ќе се забележат низа тенденциозни одлуки со кои Михајловиќ одработуваше на штета на нашиот клуб. За ваквиот развој на настаните направен е и извештај по завршувањето на натпреварот и проследен преку делегатот Пиперков во кој е објаснат целиот тек на натпреварот гледано од наш аспект. 

Одличниот натпревар судијата Михајовиќ го претвори во негово лично шоу каде тој лично сакаше да биде во центар на внимание, а не како налагаат правилата да биде коректен делител на правдата. Сето ова допринесе до бурна вербална реакција на тренерот Чочороски најнапред за недоделување, а потоа и при доделување на тајм аутот и заблагодарувањето за дозволен тајм аут што од страна на Михајловиќ резултираше со техничка грешка за тренерот поради според него (циничното) заблагодарување. По вербалната комуникација Михајловиќ се повлече према центарот, а Чочороски тргна кон него со барање на објаснување со што Михајловиќ му досуди и исклучување на тренерот. Цениме дека ваквата одлука е во најмала рака некоректна и на клубот му е нанесена огромна штета најпрво што со помош на судијата Михајловиќ, АВ Охрид го изгуби натпреварот,а потоа и сите реперкусии што ги трпи клубот од ваквата тенденциозна одлука на судиите кои се секогаш на штета на нашиот клуб. Што е и повеќе од симптоматично судијата во неколку наврати кога судел натпревари и од минатогодишното првенство имаше низа вакви тенденциозни одлуки на штета на нашиот клуб. 

Од клубот го осудуваме и влегувањето на тренерот Чочороски на терен, но можам со сигурност да потврдам дека влегувањето беше со единствена цел да добие одговор за досудената техничка грешка,а не никаква физичка пресметка со судијата. За таа цел бараме од надлежната комисија да го прегледаат натпреварот и да донесат одлука во корист на кошарката, а не во корист на лични интереси и хирови на одредени судии.

Се вчитува...