Ојарзабал со подвиг каков што немало на СП цели 60 години

Микел Ојарзабал на првиот меч со Зеленортските острови стана прв фудбалер што 30 минути немал допир со топката, но асот на Реал Сосиедад затоа блесна во сиот свој сјај на денешниот меч со Саудиска Арабија.

Ојарзабал стартуваше со асистенција до Јамал при водечкиот погодок за „црвената фурија“, на што се надоврза со два постигнати гола, во 21. и во 24. минута, со што Шпанците практично за половина полувреме го решија прашањето на победникот на овој натпревар.

Шпанскиот напаѓач со тоа стана само прв фудбалер во мундијалската историја што постигнал два гола и една асистенција во првите 25 минути од натпревар од СП во последните 60 години (од кога официјално почнуваат да се евидентираат асистенциите).

Унгарецот Ласло Фазекаш има три придонеси за гол за помалку од 25 минути, но еден гол и две асистенции, на дуелот што Унгарија го одигра против Ел Салвадор на СП 1982.

Се вчитува...