Ојлески: Се што можеме е да им се извиниме на навивачите

Ракометарите на Работник со очајно издание ги разочараа своите навивачи на првиот домашен натпревар од ЕХФ Купот, губејќи од унгарска Татабања со двоцифрена разлика.

„Цела недела се подготвувавме, а на крајот како да немавме желба кога излеговме на теренот, што е недозволиво. Немавме течна игра, а со такво издание не може да се надевате на успех. Се што можеме е да им се извиниме на битолските навивачи кои дојдоа да ни дадат поддршка, а си заминаа разочарани“ – изјави искусниот Гоце Ојлески.

Разочарувањето од очајното издание на македонскиот претставник не го криеше ниту тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.

„Прв пат ми се случува вака посрамотен да се појавам на прес-конференција. Игравме без жар, без влја за победа, а јас не сакам да работам со екипа со ваков пристап. Во 27 години колку што сум во ракометот, ваков пораз немам доживеано“ – истакна Чирковиќ.

Се вчитува...