Оклахома немаше решение за доминантниот Адетокумпо, нов триумф на ЛА Лејкерс

Милвоки ја продолжи победничката серија во НБА лигата откако изминатата вечер на крилја на Јанис Адетокумпо славеше со 118-93 против Оклахома. Грчкиот интернационалец натпреварот го заврши со 30 поени и 19 скокови со што беше лидер на средбата во двете категории. Во противничкиот табор се истакна Гиди со 19 поени, 9 скокови и 8 асистенции.

Победничката серија продолжи и за Лос Анџелес Лејкерс кои со 150-145 славеа над Индијана. До третиот триумф едно по друго ги предводеше Дејвис со 36 поени и 16 скокови, додека Сијакам со 36 поени и 12 скокови беше прво име кај Пејсерс.

Лос Анџелес Клиперс претрпеа убедлив пораз од Филаделфија со 107-121. Со 24 поени, 4 скокови и 4 асистенции лидер на гостите беше Харис, додека со 20 поени, 6 скокови и 3 асистенции домаќините ги предводеше Ленард.

Во останатите натпревари: Минесота – Голден Стејт 114-110, Мајами – Кливленд 121-84, Детриот – Њу Орлеанс 101-114

Се вчитува...