Оклахома од проблем во проблем: Се повреди и најдобриот играч

Оклахома мака мачи и во новата сезона, а тимот кој се наоѓа на претпоследното место на табелата во Западната конференција влегува од проблем во проблем откако остана и без својот најдобар играч, Шаи Гилгеус-Александар.

Дваесетитригодишникот заработи повреда на скочниот зглоб на десната нога и ќе паузира најмалку еден месец. По Ол-стар викендот плејмејкерот ќе помине низ нови прегледи, а тогаш ќе биде познато и колку точно ќе биде отсуството од терените.

Гилгеус-Александар оваа сезона бележи просек од 22.7 поени, 5.5 скока и 4.7 асистенции по натпревар со што е еден од најдобрите играчи на Оклахома.

Се вчитува...