„Октоподот“ Митревски повторно ја „полуде“ ракометна Европа! (ВИДЕО)

Португалскиот ракометен шампион игра слабо сезонава во Лигата на шампионите каде се уште нема запишано ниту една победа. Една од малкуте светли точки сезонава за Португалците е македонскиот голман Никола Митревски кој е еден од ретките кој што е на ниво.

По првото полувреме Порто има негатива на гостувањето кај Динамо Букурешт 13-12, а вниманието на себе повторно го насочи нашиот неверојатен голман. Митревски на феноменален начин како „октопод“ му спречи удар на египетскиот репрезентативец Зејн.

 

 

Се вчитува...