„Ол-стар“ натпреварот дефинитивно без Кевин Дурент

Следниот викенд во Солт Лејк Сити ќе се одигра НБА Ол-стар натпреварот. По воспоставената стартна петорка и изборот на резервите, познато е дека Кевин Дурент ќе го пропушти овој меч.

Кошаркарот на Бруклин се уште се опоравува од повредата на коленото, па ќе се обиде да ја искористи паузата поради „Ол-стар“ викендот да успее максимално да се подготви за клучниот дел од сезоната.

Се уште не се знае кога популарниот Дурантула би можел да се врати на терените. Се уште не е објавено кој ќе го замени во Солт Лејк Сити, а пред крајот на „трејд-дедлајнот“ се споменува и неговата преселба во Феникс.

Се вчитува...