„Олд Трафорд“ ќе стане привремена болница

Манчестер Јунајтед веќе потврди дека нема да ги праќа вработените на принуден одмор ниту пак дека ќе ги користи државните бенфиции  за плати на неиграчкиот персонал, а според последните одлуки на клубот сите оние кои се дел од Јунајтед, а не можат да работат од дома ќе волонтираат и ќе помагаат каде што е неопходно во кризната ситуација и борбата со коронавирусот.

Допонтелно, Јунајтед го пондуи „Олд Трафорд“ за потребите на британскиот здравствен систем. Клубот веќе почнал преговори за тоа каква намена може да има легендарниот стадион во перидов во кој на него нема фудбал.

Веќе претходно беше потврдено дека стадионот на Манчестер Сити, „Итихад“ ќе биде искористен како привремена болница која ќе биде отворена следната седмица. Големите ривали од Манчестер се обединија во заедничка донација за храна за организациите кои помагаат на социјално ранливите категории во областа која ги опфаќа градот и неговата околина.

Се вчитува...