Оле е минато, кој ќе се нафати да го води „распаднатиот“ Јунајтед

Најлошиот тренер во историјата на Премиер-лигата, Оле Гунар Солксјер конечно доби отказ во Манчестер јунајтед.

По серијата очајни резултати и освоените само четири бода во седум натпревари, чашата ја прели катастрофалниот пораз од Вотфорд (4-1).

Веќе почна да се шпекулира со наследникот на Норвежанецот кој ќе има тешка задача да го врати клубот на шампионските патеки. На раководството на клубот прва желба е Зинедин Зидан, но Французинот се уште се мисли дали да ја прифати понудата да го презеде клубот во овие тешки моменти.

Покрај Зидан се споменуваат и имињата на Ралф Рагник, Брендан Роџерс, но и Маурисио Покетино кој би можел да дојде на „Олд трафорд“ ако добие отказ во ПСЖ, а на негово место таму дојде Зинедин Зидан.

Се вчитува...