Оле наскоро ќе биде минато – Роналдо смета дека Норвежанецот е виновен за лошите игри на Јунајтед

Најдобриот фудбалер на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е незадоволен од играта на неговиот откако се врати, а како кривец за тоа го посочува менаџерот, Оле Гунар Солскјер.

Манчестер во второто коло од Лигата на шампионите го порази Вилјареал со 2-1, а победничкиот гол го постигна токму Роналдо. И покрај победата Португалецот го изрази своето незадоволство за играта, а како главен кривец го посочи токму Солскјер.

Норвежанецот во неколку наврати сезонава покажа дека не е достоен да биде на клупата на „црвените-ѓаволи“, па по незадоволството од Роналдо се поизвесно е неговото заминување од клубот.

Се вчитува...