Оле си замина, но Ед Вудворд размислува и понатаму да остане во Јунајтед

Извршниот потпретседател на Манчестер Јунајтед би можел да го одложи заминувањето од клубот за да помогне во назначувањето на нов менаџер. Во април беше објавено дека Ед Вудворд ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на календарската година по неуспехот на проектот за Суперлигата за кој се залагаше.

Бидејќи Оле Гунар Солскјер доби отказ во неделата, клубот бара нов менаџер, а Вудворд е задолжен за таа потрага, вака барем пренесува „Sky Sport“.

Во овој момент ќе биде тешко да се најде менаџер кој ќе биде трајно решение, но ќе се бара некој на привремен период. Дотогаш, Вудворд сигурно ќе остане во клубот. Неговото останување може дополнително да ги разбесни навивачите на Манчестер Јунајтед, имајќи мета често беше критикувана.

Се вчитува...