Олимпијакос го продолжи договорот на Папаниколау

Европскиот вицешампион Олимпијакос и грчкиот кошаркар Костас Папаниколау постигнаа договор за нова тригодишна соработка која доколку се комплетира во целост ќе означи една деценија непрекината врска.

Триесетидвегодишникот кој настапуваше за Олимпијакос и во периодот помеѓу 2009 и 2013 година важи за апсолутна клупска легенда. Тој беше дел од шампионскиот тим на „црвено-белите“ кои во 2012 и 2013 година ја покорија Европа заедно со нашиот Перо Антиќ.

Се вчитува...