Олимпијакос се засили со Браздеикис

Грчкиот кошаркарски клуб Олимпијакос го донесе најголемото засиување ова лето, откако потпиша договор со литванскиот репрезентативец Игнас Браздеикис.

Жалгирис ќе има приход од 500.000 евра од трансферот, а платата на играчот во Пиреја ќе изнесува 1,5 милиони евра годишно.

Олимпијакос гради силен тим со цел да дојде успех во Евролигата. Така во овој преоден рок ги донесе Никола Милутинов, Вилијамс Гос, Лука Сикмa, а целта е да се дојде до трофеј во најелитното европско натпреварување.

Се вчитува...