Олимпик Марсеј победи и дојде на „минус пет“ од ПСЖ

Олимпик Марсеј успеа да ја надмине резултатската криза, врзувајќи три победи во серија откако избраниците на Роберто де Зерби вечерва славеа на гостувањето против Сент Етјен со 0-2. Италијанскиот стратег може да биде задоволен од она што го виде од својот тим, уште повеќе ако се знае дека по ова 14. коло Олимпик се приближи на само пет бода заостанување зад лидерот ПСЖ.

Адриен Рабио беше стрелец на водечкиот гол во првото полувреме, кој најпрвин беше поништен поради офсајд, но со ВАР-одлука тоа беше сменето и гостите имаа причина за славје.

Сент Етјен се обидуваше да стори нешто повеќе, но Олимпик одигра дисцпинирано, успевајќи да постигне и втор погодок преку Гринвуд. Англичанецот изведе пенал што не успеа да го реализира, но топката се врати до него, по што тој ја смести во мрежата за конечните 0-2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...