Оливер Христов од Воска повторно во Детонит Плачковица

Искусниот централен дефанзивец, 26-годишниот Оливер Христов во новата сезона повторно ќе го носи дресот на второлигашот Детонит Плачковица.

Христов изминатава сезона беше член на Воска спорт, но по разделбата со тимот од Охрид, сега повторно се враќа во Детонит каде настапуваше во 2022 година.

Христов претходно има настапи и за Каменица Саса, Кит Го Пехчево, Брегалница Штип и прилепска Победа.

Се вчитува...