Оливие Жиру на пат кон Мадрид

Францускиот напаѓач Оливие Жиру сигурно во јануари ќе го напушти премиерлигашот Челси, бидејќи Франк Лампард не смета на неговите услуги. Светскиот шампион со „триколорите“ од поодамна е прва цел на Интер, но сепак неговата следна дестинација ќе биде Шпанија.

Имено, Жиру се наоѓа на радарот на Атлетико Мадрид тим кој бара замена за Диего Коста кој се наоѓа на излезна врата од клубот. Мадридскиот клуб од поодамна беше заинтересиран за услугите на 33-годишникот, но не беше постигнат договор меѓу двете страни.

Жиру сезонава не се наигра под водство на Франк Лампард кој шанса во првиот тим им дава на младите надежи. Во сите натпреварувања тој одигра само седум натпревари на кои еднаш се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...