Олуџоби пред заминување од МЗТ Скопје

МЗТ Скопје е на добар пат да остане без уште еден значаен играч од шампионскиот состав, откако Феми Олуџоби почнал преговори со Прометеј. Американецот ги мина последните две сезони во дресот на „металците“, но големи се шансите негова следна дестинација да биде Украина, како што пишува специјализираниот кошаркарски портал Спортандо.

Прометеј е клуб што минатата сезона се закити со шампионската титула во Украина, а во Олуџоби гледа идеално засилување за борбата под обрачите. Американецот минатата сезона имаше просек од 14 поени и шест скокови по натпревар.

Доколку си замине, Олуџоби би бил вториот адут на тренерот Радуловиќ што ќе го напушти МЗТ Скопје, откако плејмејкерот Андреј Магдевски веќе го договори својот трансфер во Романија.

Се вчитува...