Омар Мармуш е уште еден фудбалер кој го напушта Манчестер сити. Како што пишува Фабрицио Романо, египетскиот репрезентативец му се приклучува на Тотенхем.
Вредноста на трансферот изнесува околу 50 милиони фунти. Мармуш пристигна во Сити како големо засилување од Ајнтрахт Франкфурт, но не успеа да се наметне и да добие позначајна улога кај европскиот шампион од 2023 година.
Египќанецот одамна ја изрази својата желба да замине во Лондон, а сега се чини дека клубовите постигнале договор. Во понеделник, Мармуш ќе ги мине лекарските прегледи, по што трансферот и официјално ќе биде потврден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
