Омејер: Раул го покажа својот квалитет

По официјалната потврда на веста дека Раул Гонзалес од јули ја презема клупата на ПСЖ, се огласија и најголемите ѕвезди на францускиот тим, оценувајќи го трансферот како добар потег. За Француската легенда на голот, 41-годишниот Тиери Омејер, се уште е неизвесно дали на крајот од сезоната кога му истекува договорот со ПСЖ ќе ставци крај на кариерата или сепак, ќе одигра уште една сезона под водство на Гонзалес. Но, Омејер во секој случај има многу пофални зборови за шпанскиот стратег.

„Секогаш е посебен момент кога дознаваш дека тренерот заминува и доаѓа нов. Имаме многу натпревари до крајот на сезоната и сакаме добро да одработиме и да ги освоиме сите титули со Нока. За другото, го знаеме квалитетот на шпанските тренери. Раул Гонзалес е многу добар тренер, силен на тактички план и тоа го докажа минатата сезона со освојувањети на Лигата на шампионите, за жал, протув нас (Вардар го победи ПСЖ во финалето на Ф4 со 24-23). И покрај тоа што е релативно млад, тој веќе има големо искуство. Тоа дефинитивно ќе биде нов стил на игра. И може да донесе многу за клубот“ – вели Тиери Омејер во изјавата за фрацускиот весник „Л’екип“.

Раул Гонзалес со ПСЖ потпиша тригодишен договор и официјално го презема франускиот клуб на 1 јули 2018 година до кога останува на клупата на Вардар.

Се вчитува...