Омраза, бес и навреди – Ковингтон го победи големиот непријател Масвидала

Колби Ковингтон со одлука на судиите го победи Хорхе Масвидал во главната борба на УФЦ 272. По пет рунди голема битка, Ковингтон славеше сосема заслужено по судиска одлука.

Толку е голема омразата меѓу двајцата борци што пред почетокот на борбата тие не се ни поздравија, а и во текот на неа имаше многу провокации од двете страни.

Ковингтон му стави прст во око на Масвидал, а потоа и со коленото го удри во меѓуножјето. По крајот на борбата Ковингтон продолжи со провокации, но овој пат мета му беше Дастин Поире по што доби големи свирежи од публиката.

 

Се вчитува...