Онана ќе го менува Хандановиќ во Интер

Андре Онана е замента за Самир Хандановиќ на голот на Интер, потврди добро упатениот Фабрицио Романо. Камерунскиот голман ќе пристигне во Милано без обесштетување во јуни 2022 година по истекување на договорот со Ајакс.

Со тоа ќе биде ставен крај на една ера за „нероаѕурите“ и поранешниот словенски репрезентативец кој следното лето полни 38 години. Хандановиќ е дел од Интер од 2012 година кога за 15 милиони евра пристигна од редовите на Удинезе, а досега одигра 413 натпревари на кои 150 пати ја сочува мрежата недопрена, притоа освојувајќи го трофејот во Серија А претходната сезона.

Се вчитува...